Германскиот интернационалец Марк Андре Тер Штеген отпочна преговори за продолжување на договорот со Барселона, а за него постои интерес и од Баерн Минхен. Во периодот кога фудбалот е суспендиран во Европа поради коронавирусот, Тер Штеген вели дека не му недостасуваат фудбалски натпревари затоа што тој и воопшто не гледа фудбал кога нема обврски со тимот на Барселона.
„Не сум јас некој фудбалски фанатик. Всушност, луѓето ми се смеат кога им велам дека не гледам фудбал на телевизија. После тренинзите или натпреварите со Барселона, имам многу други начини за релаксација. Одам на работа, а потоа сакам да одморам и да се забавувам со сосема други нешта. Сега сите сме во изолација и сме преокупирани со борбата на човештвото да го победи Covid-19. Мораме да бидеме дисциплинирани и да останеме во карантин, има време за фудбал“, изјави Тер Штеген за „Ел Паис“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА