Тер Штеген: Суарез им ги затна ‘муцките’ на многумина

Луис Суарез со два прекрасни погодоци донесе пресврт-победа за Барселона на мечот против Интер во Лигата на шампионите. По мечот интересен „настап“ пред медиумите имаше неговиот клупски колега, германскиот голман Марк-Андре тер Штеген.

„Суарез со оваа игра им ја затна устата на многумина. Секогаш бил максимално фокусиран и давал се од себе. Знаевме кој ни игра во нападот, секогаш е тука да постигне гол кога најмногу треба. Затоа постојаните критичари нека замолкнат малку“ – изјави Тер Штеген по натпреварот.

Од другата страна, пак, од Интер за поразот го обвинуваат судијата Дамир Скомина и неговото, според нив, „катастрофално делење на правдата“.

Се вчитува...