Тери се врати дома, има нова функција во Челси

Џон Тери повторно е дел од Челси откако легендарниот капитен на „сините“ ја прифати понудата на лондонскиот клуб за да стане консултант во младинската академија.

Тери пред четири години го напушти Челси најавувајќи почеток на тренерска кариера, но екс-дефанзивецот не се прослави на ова поле. Тој работеше како асистент на Дин Смит во Астон Вила, но си замина и од „Вила Парк“ во обид да најде самостоен тренерски ангажман. Откако ниту тоа не се оствари, тој на крајот реши да се врати назад во Челси.

„Пресреќен сум што се враќам дома, ја прифатив консултантската улога во Челси. Ќе имам обврски при тренинзите, но исто така и во дискусиите со тренерите во младинските категории. Исто така, ќе бидам ментор на младите играчи од академијата“, објави Тери.

Се вчитува...