Тери: Време е Лампард да се врати дома

Не постои подобар избор во моментов за Челси од Франк Лампард. Ова е ставот на уште една легенда на клубот, Џон Тери кој искажува безрезервна поддршка за соиграчот со кого заедно освоија три премиерлигашки титули, беа заедно и во англиската репрезентација.

„По сезоната која ја имаше во Дерби, особено по забраната за трансфери, Лампард е најдоброто решение. Ова е перфектно време и за него и за клубот. Мислам дека нема да има проблеми со навивачите, тие го сакаат. Лампард е легенда и време едасе врати дома“ – вели Тери.

Се очекува Лампард да биде промовиран на менаџерската позиција во Челси. Тој треба да го наследи Маурицио Сари кој по само една сезона на клупата замина во Јувентус.

Се вчитува...