Легендарниот турски тренер Фатих Терим мина една седмица во болница, успевајќи да излезе како победник до тешката битка против вирусот ковид-19. Тој денеска беше пуштен на домашно лекување, по што трофејниот стратег испрати мотивациска порака до сите оние кои се во борба со смртоносната болест.
„Во секоја моја молитва се воини кои се борат против овој вирус, сите здравствени работници кои го ризикуваат својот за да ги спасат нашите животи. Од се срце сум им благодарен за тоа. Отсега сигурно повеќе ќе ги ценам малите работи во животот, повеќе време ќе минувам со најмилите. Помалку тага, повеќе простување. Останете дома додека трае ова, внимавајте на себе и на останатите, чувајте се“, напиша Терим на својот инстаграм-профил.
За разлика од Терим, здравствената состојба на поранешниот голман Рушту Речбер е критична, легендарниот голман се наоѓа во одделението за интензивна нега во една истанбулска клиника каде лекарите се борат за неговиот живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА