Тешка фрактура на ногаа за засилувањето на Денвер Нагетс, Колин Гилеспи кого сега го чека долга пауза од кошарката, пренесуваат американските медиуми.
На новиот кошаркар на тимот од Колорадо итно му е извршена хируршка интервенција, која е успешна, но ќе треба долг период за опоравување, информираа од Денвер Нагетс.
Гилеспи не беше одбран на НБА драфтот, па Денвер му даде шанса потпишувајќи двоен договор. Тој беше еден од најдобрите во Универзитетот Вилануева, со просек од 15,6 поени, 3,9 скока и 3,3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА