Тешка победа на Арсенал, Манчестер Сити „падна“ во Бирмингем (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал го совлада Кристал Палас на домашен терен минимално со 1-0, и максимално профитираше од поразите на Ливерпул, и денеска на Манчестер Сити.

Езе постигна гол за „топчиите“ во важниот триумф. Натпреварот на „Емирати“ мина во слаба игра на двете страни, меѓутоа на крајот тешката победа ќе им донесе да се одвојат на чело на табелата.

Манчестер Сити, пак, е поразен од Астон Вила во Бирмингем со 1-0. Единствениот гол го постигна Мети Кеш во 19. минута од средбата, и со тоа ја продолжи одличната серија на тимот на Вила во Премиерлигата.

Борнмут успеа да го надигра и да го порази тимот на Нотингем со 2-0, додека Барнли славеше на гостински терен кај Вулверхемптон со 2-3.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...