Тешка повреда на Андреа Лекиќ (видео)

Србија со фантастичен пресврт ја совлада Холандија на стартот од ЕП, но премиерниот меч од овој шампионат беше кобен за Андреа Лекиќ, која заработи тешка повреда пред крајот на првото полуврем.

Таа се обиде да тргне во продор и само падна на теренот, по што мораше на носилки да биде пренесена во болница. Лекиќ со солзи во очите го напушти теренот, повеќе од јасно е дека станува збор за крајно сериоззна повреда поради која поранешната ракометарка на ЖРК Вардар повторно ќе мора подолго време да паузира од терените.

Според првичните информации на српските медиуми, станува збор за повреда на тетивата, проблем што Лекиќ ја мачи веќе подолго време.

Се вчитува...