Тешка повреда на Донован Мичел: Во агонија го напушти паркетот (ВИДЕО)

Победа на Јута над Индијана од 119-111 во еден од синоќешните НБА натпревари беше одбележана од тешката повреда на најдобриот кошаркар на Јута, Донован Мичел.

Мичел во третиот период од играта го повреди десниот зглоб при еден доскок. Веднаш се виде дека се работи за сериозна повреда, во агонија напуштајќи го паркетот со помош на соиграчите и тренерот.

По денешната магнетна резонанца ќе биде јасна тежината на повредата и колку ѕвездата на Јута ќе мора да мирува.

Од клубот веќе најавија дека ќе има доволно време целосно да се опорави до доигрувањето.

Инаку, најдобар во триумфот на Јута беше Хрватот Бојан Богдановиќ со 24 постигнати поени, дополнети со три скока и една асистенција.

Се вчитува...