Тешка повреда на Милан Ристовски, пауза од најмалку три месеци

Тешка повреда за фудбалерот на младата македонска репрезентација, Милан Ристовски.

Ристовски на вчерашниот тренинг на Ријека, заработил скршеница на зглобот поради која денеска итно е подложен и на хируршка интервенција.

Согласно информациите од Хрватска, Ристовски според првичните проценки го очекува пауза од најмалку три месеци.

Сето тоа ќе значи и голем хендикеп и за младата репрезентација на Македонија која за октомвриските квалификациски дуели против Казахстан и против Израел, клучни во обидот за пласма на ЕП, ќе мора да биде без својот најдобар фудбалер.

Се вчитува...