Тешка повреда на Војдан Стојановски: Пауза од шест месеци!?

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски го очекува подолга пауза од терените, откако заработи сериозна повреда на коленото.

Како што пренесуваат француските медиуми, Стојановски има скинати предни вкрстени лигаменти поради што, согласно првичните шпекулации, го чека пауза од околу шест месеци.

Македонскиот кошаркар го очекуваат и дополнителни лекарски прегледи пред потврдата на тежината на повредата, и отсуството од терените.

Се вчитува...