Тетекс: Бараме писмени гаранции дека можеме да играме на градскиот стадион во Тетово

Фудбалскиот клуб Тетекс, денеска на прес-конференција во Тетово ги соопшти следните чекори во институционалната битка за докажување на дискриминација поради тоа што тетовските власти не им дозволуваат да го користат стариот и новиот градски стадион.

Од второлигашот велат дека од март ги чекаат општинските власти за спроведување на договорот да добијат терен во селото Сараќино.

„Почнуваме борба преку нашите институции. Ќе ги запознеме сите фактори, народен правобранител, меѓународна заедница, амбасада, Комисија за антидискриминација. Од март бараме средба за да се реши овој проблем, немаме добиено одговор, што уште да чекаме, а веќе играме второ коло. Има комуникација со општина Тетово, ама тоа останува на тоа дека ќе биде теренот во Сараќино, ама што до тогаш. Бараме писмени гаранции дека клубот ќе може да се натпреварува на Градскиот стадион, зошто да не го користиме стариот градски стадион, да видиме дали има договор кој било клуб, зошто не и Тетекс. И ако нема зошто само еден клуб може да го користи тој терен. Во Сараќино ништо не е почнато. Секоја општина помага во спортот ние немаме денар видено, изјави на денешната прес-конференција спортскиот директор Бобан Мишевски.

Тој не се согласува со Оптина Тетово, од каде велат дека стадионот е само за натпревари од Првата лига.

„Општина вели дека градски стадион е само за прволигашки екипи, па ЖФК Љуботен е Прва лига во женска конкуренција. Како е осмислено дека само прволигашка екипа може да го користи. Таму е јасно наведено дека 24 часа пред одигрување на прволигашки натпревар не може да се користи теренот. Може да играме во гости кога другите ќе бидат домашни. Има примери каде се користи ист терен пример Воска и Охрид, пример Караорман и Струга, не гледам што е проблем, рече Мишевски.

Се вчитува...