Тетекс не ги прифати оставките на Георгиевски и на Цветковски

Не се прифатени оставките на тренерите на Тетекс, Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски, и тие остануваат во стручниот штаб до крајот на сезоната. Ова го соопшти ФК Тетекс, каде денеска беше турбулентно и имаше три оставки.

Од друга страна, оставката на претседателот на УО Војо Тофиловски е прифатена.

„На денешниот вонреден состанок на Управниот Одбор на ФК Тетекс беше разгледена понудената оставка од страна на претседателот Војо Тофиловски и Стручниот штаб Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски.
Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка на претседателот Војо Тофиловски Е ПРИФАТЕНА, а од друга страна НЕ за тренерскиот тим.
Управниот Одбор, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски, а убедени сме дека резултатската мини криза ќе се надмине веќе во останатите натпревари од првенството.
Решението за назначување на овој тренерски тандем не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот сезонава.“, се вели во соопштението на Тетекс.

Се вчитува...