Тевез: Да им помогнеме на оние кои работат од 6 до 21 часот за да ги прехранат семејствата, а сега не можат

Капитенот на Бока јуниорс, Карлос Тевез, побара Аргентинците да имаат солидарност во овој тежок период предизвикан поради коронавирусот и да им помогнат на луѓето кои не можат да ги преранат семејствата. Тој донираше голема сума во солидарниот фонд и побара тоа да го стори секој што не се чувствува многу загрозен на финансиски план.

„Овој вирус предизвикува катастрофа во секој поглед. Предизвикува многу страв и паника кај луѓето. Најважно е здравјето за сите, но треба да им помогнеме и на семејствата кои се многу погодени од кризата. Фудбалерите можат да издржат и две години без плата, но жал ми е за луѓето кои секој ден работат од 6 наутро па се до 21 часот за да ги прехранат семејствата. А сега не можат да го направат ниту тоа“, изјави Карлос Тевез и ги повика сограѓаните на солидарност.

 

 

Се вчитува...