Тежок “удар” за Јунајтед: Три недели без Марсијал и без Лингард

Тежок удар за стратегот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој следните три недели ќе биде без Ентони Марсијал и без Џеси Лингард.

И двајцата се повредија во првото полувреме на мечот од Лигата на шампионите против ПСЖ, па како што денеска информираше Солскјер, по деталните лекарски прегледи е утврдено дека ќе мора да паузираат меѓу две и три недели.

Па Јунајтед ќе мора да биде без двајцата на исклучително значајните натпревари од ФА Купот против Челси, и против Ливерпул на 24.февруари во Премиер лигата.

Се вчитува...