ТФТ им се врати на победите во Првата кошаркарска лига откако во 18. коло славеше на домашен терен против Академија ФМП со 86-75. Кошаркарите во „црно-бело“ денеска постигнаа 15 тројки од 43 обиди, а овој сегмент од играта беше клучен за победа против мотивираните „академици“.
Благодарение на подобрата реализација Академија ФМП успеа да го наметне својот ритам на отварањето на средбата за водство од 14-19 по 10. минути игра, но како што одминуваа минутите ТФТ ја превзема иницијативата. „Црно-белите“ кои реализираа само 3 од 12 обиди за три поени во првите 10. минути влегоа во серија зад линијата 6,75 преку Андерсон и Симоновски па стигнаа и до водство, а истото го задржаа и на полувремето за 40-36.
Академија ФМП го врати натпреварот на еден посед на стартот на второто полувреме, но реализацијата за три поени на домаќинтие повторно беше пресуден фактор. Овој пат серијата на тројки ја започна Мекбрајер, нему му се приклучија Андерсон и Костоски па ТФТ стигна до предност од девет поени (56-47) која сепак гостите успеаја да ја намат на 64-58 пред одлучувачките десет минути. На крилја на Смит и Џоунс мотивираните „академиците“ повторно се вратија во игра за 74-73 по слободените фрлања по исклучувањето на Смилковски кој ги загуби нервите по контроверзна судиска одлука, но истото беше само дополнителен мотив за домашниот тим. ТФТ заигра далеку поагресивно во одбраната, преку Костоски, Мекбраер и Батрик стигна до серија од 7-0 со што ја осигура победата.
Со 21 поен и 4 скока лидер на ТФТ беше Костоски, додека 19 поени додаде Андерсон. Со 27 поени и 8 скока лидер на Академија ФМП беше Смит, 17 поени и 7 скока додаде Џоунс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА