Кошаркарите на ТФТ Скопје се изборија за мајсторка во битката за третото место во Првата македонска кошаркарска лига за сезоната 2025/26, откако во разигрувањето за бронзата во шампионатот денеска во Битола успеаја да му се реваншираат на Пелистер за поразот во првиот меч победувајќи по продолжение со 112-116.
На стартот од мечот Пелистер се одлепи резултатски, поведувајќи со 13-8, а потоа и со 15-10 со поените на Вилсон. Џенкинс и Малешевиќ донесоа водство од убедливи 20-12, но ТФТ успеа да се врати до крајот на четвртината, со тројката на Ташовски во самиот финиш намалувајќи на 30-29.
Во вториот период се играше максимално израмнето, екипите се менуваа во водство, за ТФТ да замине на одмор со водство од минимални 51-52, по последните поени што ги постигна Вилсон во ова прво полувреме.
Третата четвртина им припаднаа на гостите од Скопје кои во последните десет минути влегоа со 75-81.
Но, „пелистерци“ далеку подобро влегоа во четвртиот период, па предводени од одличниот Џенкинс го свртеа резултатот во своја полза поведувајќи со 82-81. Цврстата одбрана придонесе ТФТ речиси четири минути да биде без постигнат поен, а по новата украдена топка и забивање на Џенкинс гостинскиот тренер мораше да побара тајмаут (84-81).
Сепак, не беше тоа се од мечот. ТФТ повторно се врати во игра доаѓајќи на две минути до крајот до неверојатен пресврт, со серија од 7-15, за 91-96. И, кога се чинеше дека гостите ќе ја однесат победата, во крајно драматична завршница, неверојатен пресврт на Пелистер кој со серија од 7-0 дојде до 98-96 на 13 секунди до крајот. И во последниот напад Ташовски погоди на две секунди до крајот за 98-98 и продолжение на мечот.
А, во продолжението, низ крајна драматична завршница, на крај ТФТ славеше со 112-116, за мајсторка во битката за 3. место во шампионатот. Гордон постигна 30 поени за ТФТ, а Ташовски заврши со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
