ТФТ врати добро познато име

Екипата на ТФТ доведе уште едно квалитетно засилување откако денеска го комплетираше трансферот на Алан Луис. Станува збор за американски кошаркар кој ќе ја пополни плејмејкерската позиција во тимот по заминувањето на Виктор Ташовски.

Луис е добро познато име за поранешниот освојувач на Купот на Македонија, ако се знае дека тој пред две сезони настапуваше за ТФТ, а сега се враќа назад во тимот на Боро Смилковски откако ланската година ја мина во шампионатот на Нов Зеланд.

„По две сезони, повторно го облекува црно-белиот дрес! 🏀

Alan Louis е новото засилување на КК ТФТ Скопје за сезоната 2026/27!

Louis се враќа во добро позната средина, откако претходно веќе го носеше дресот на ТФТ. Последната сезона ја мина во тимот на Nuggets од лигата на Нов зеланд, каде што бележеше просек од 11 поени и 6.5 асистенции.

Искуство, енергија и креативност повторно во црно-бело“, објави ТФТ.

Се вчитува...