ТФТ за малку од „готово-вересија“ против Осијек

Освојувачот на купот на Македонија минатата сезона ТФТ Скопје стигна до третата победа во АБА 2 лигата откако во вториот меч на турнирот во Бања Лука славеше над хрватскиот Осијек со 74-70.

Тимот од скопската населба одлично го отвори натпреварот и по само десет минути игра веќе имаше двоцифрена предност од 24-14. Предноста ТФТ успеа да ја задржи до крајот на првото полувреме и на пауза да замине со предност од плус осум (40-32).

Како и на стартот на првото полувреме, така и на стартот на второт избраниците на Боро Смилковски одиграа неверојатно и по три четвртини ги имаа и највисоките плус шеснаесет 61-45. Следеше голем пад во последниот период, но за среќа ТФТ успеа да ја одбрани предноста и да стигне до конечен триумф од 74-70.

Трент Бутрик со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Кристијан Бредфорд заврши со два помалку.

Се вчитува...