Ти Џеј Шортс го напушта Бон, следна дестинација Франција

Натурализираниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Ти Џеј Шортс на крајот на сезоната ќе го напушти Бон, пренесуваат германските медиуми.

Прв фаворит за неговиот потпис е францускиот Париз каде од следната сезона на клупата ќе седи досегашниот стратег на Бон, Томас Исало. Во игра за потписот на одличниот плејмејкер е и рускиот Локомотив Кубан кој сезонава играше финале во ВТБ лигата.

Ти Џеј Шортс игра одлична сезона каде со својот тим ја освои Лигата на шампионите на ФИБА, а беше прогласен за најкорисен играч и во основниот дел и на Ф4 од ова натпреварување.

Се вчитува...