Тием го запре Ѓоковиќ во Монте Карло

Доминик Тием стави крај на надежите на Новак Ѓоковиќ дека српскиот тенисер би можел да дотурка далеку на Мастерс-турнирот во Монте Карло, елиминирајќи го некогаш првиот светски рекет во осминафиналето од ова натпреварување.

Ѓоковиќ покажа карактер, се врати од 0-3 и 2-5 во првиот сет и триумфираше во тајбрејк, но Тием набрзина се консолидираше. Австриецот најпрвин го доби вториот сет со 6-2, а потоа и решавачкиот со 6-3, за победа над Србинот и пласман во четвртфиналето, каде најверојатно ќе се сретне со првиот носител Рафаел Надал, кој е голем фаворит на дуелот со Качанов од Русија.

Од останатите денешни мечеви, Гофан неочекувано лесно го победи Баутиста Агут со 2-0 во сетови, Григор Димитров славеше со 2-1 над Колшрајбер, додека Алекс Зверев со 2-1 во сетови го доби германското дерби против Штруф.

Се вчитува...