Анри се враќа во Белгија, Французинот ќе му помага на селекторот Мартинез

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри повторно ќе биде дел од стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Белгија и ќе му помага на селекторот Роберто Мартинез.

Поранешниот напаѓач на Арсенал работеше во таборот на „црвените ѓаволи“ од 2016 до октомври 2018 година, кога почна самостојна тренерска работа. Тој беше прв тренер на Монако, каде и ја почна фудбалската кариера, но не остана долго. Потоа замина во МЛС-лигата во Монтреал импакт каде работеше од 2019 до пред неколку месеци годинава.

Француската легенда си замина од Монтреал поради фактот што е далеку од своето семејство, кое живее во Англија.

 

 

 

Се вчитува...