Тиери Анри за Санчо: Доста играш сам за себе, додавај ја топката…

Манчестер Јунајтед рутински славеше над Барнли со 3-1, но Тиери Анри во својата анализа по мечот јавно го критикуваше Џејдон Санчо поради себичноста на крилниот офанзивец на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед плати 78 милиони фунти на Борусија Дортмунд за да го врати Санчо во Англија, но офанзивецот досега не ги оправдува очекувањата постигнувајќи само по еден гол во Премиер-лигата и во Лигата на Шампионите. Тој изнуди автогол на Ме на дуелот со Барнли, но Анри (кој работеше како ТВ аналитичар на синоќешниот дуел) воопшто не беше импресиониран од она што го виде од Санчо.

„Џејдон Санчо, тој е еден од оние играчи кои навивачите сакаат да ги гледаат, но кои се себични и не им додаваат на соиграчите. Кога си крило и ќе се најдеш „еден на еден“ со бекот, секако дека ќе тргнеш во дриблинг. Само што кај него, спринтовите на Шо придонесуваа да се најде „еден на еден“, а тој не го проигруваше соиграчот. Тој не се обидува ни да дрибла од надворешната страна, па да центрира, само сака да влезе внатре и да шутне. Тоа не е проблем само со Санчо, туку и со голем број млади фудбалери“, истакна Анри.

Се вчитува...