Тиери Омејер е изборот на раководсството на ПСЖ за нов генерален менаџер на клубот, беше обелоденето вечерва од страна на актуелниот шампион на Франција.
„Светците“ повторно не успеаја да стигнат до трофејот во Лигата на Шампионите, но овие промени беа најавени уште пред извесно време, со заминувањето на Бруно Мартини од менаџерската функција. Во игра беа уште неколку ракометни легенди, но изборот на крајот падна врз Омејер, легендарниот голман кој ја заврши кариерата во јуни 2019 година.
Тиери Омејер мина пет сезони како играч на ПСЖ, притоа освојувајќи пет титули во француското првенство. По пензионирањето тој остана во клубот како спортски координатор за ракометната секција, за од почетокот на 2021 година целосно да го преземе раководењето со овој колектив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА