Тифозите на Милан го нападнаа Донарума: „6 милиони евра и договор за брат ти…и бараш уште?!“

На тифозите на Милан им дојдоа преку глава приказните за Џанлуиџи Донарума и неговиот менаџер Мино Раиола, па ја презедоа работата во свои раце. На вечерашниот меч од Купот на Италија против Верона му испратија порака на голманот дека нивното трпение е при крај, и слободно може да си замине од клубот.

„Психичко насилство…6 милиони евра годишно и ангажман на твојот ’сакат’ брат? Сега оди си, на трпението му дојде крај!“, гласеше пораката за Донарума.

По ова, младиот голман беше видно вознемирен во соблекувалната, а доби утеха од капитенот Бонучи.

Се вчитува...