Тифозите на Рома за Де Роси: „За кого трчаше, за кого се бореше, за кого ли гинеше…Рома ти должи омаж“

Даниеле Де Роси е „малиот Бог“ на Рим. Заедно со Франческо Тоти се двајцата фудбалери кои израснаа и целиот живот го посветија на Рома. На крајот не добија заслужен омаж од клубот, а тоа тифозите на клубот добро го знаат. Затоа на денот кога Де Роси го одигра последниот меч во дресот на „волчицата“ (26 мај 2019) му испратија порака дека останува нивен миленик поставувајќи банер пред неговиот дом.

 

„За кого трчаше, за кого се бореше, за кого гинеше. Рома ти должи омаж“, е пораката што фановите му ја испратија на Даниеле Де Роси.

Најверните тифози на Рома не се задоволни од тоа како актуелното раководство на чело со американскиот милионер Џејмс Палота го води клубот. Калчолигашот е во долгови од 280 милиони евра.

 

 

Се вчитува...