Тијаго Силва го напушта ПСЖ, негов наследник треба да биде Кулибали од Наполи

Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва нема да добие нов договор со Пари Сен Жермен, потврди спортскиот директор на клубот Леонардо. По осум години поминати на „Паркот на принцовите“, Тијаго Силва ќе си замине, а клубот прави место за Калиду Кулибали, одбранбениот фудбалер на Наполи кој треба да пристигне како големо засилување. За него се интересираат и Манчестер Сити, Барселона и Манчестер Јунајтед, но ПСЖ се надева дека ќе успее да го убеди Аурелио де Лаурентис да го продаде во Париз.

ПСЖ ќе му понуди професионален договор и на 17-годишниот дефанзивец Тангај Куаси кој важи за еден од најголемите таленти во францускиот фудбал.

Се вчитува...