Тијаго Силва: Ќе ја елиминираме Борусија Дортмунд на реваншот во Париз

Пари Сен Жермен загуби со 2-1 од Борусија Дортмунд на гостувањето на „Сигнал Идуна Парк“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Сега „светците“ имаат голем притисок пред реваншот, со оглед дека од нив се очекува да стигнат далеку во елитното европско клупско натпреварување, па дури и да го освојат трофејот.

Капитенот Тијаго Силва ја смирува тензијата и вели дека ПСЖ има квалитет да ја совлада Борусија Дортмунд на „Паркот на принцовите“ и да се пласира во следната рунда.

„Знаеме што треба да направиме, а изминатите две сезони можевме да научиме дека нема невозможни работи во Лигата на шампионите. Имаме активен резултат, верувам дека ќе одиграме квалитетно на реваншот и дека ќе оствариме триумф што ќе не одведе во следната рунда“, вели капитенот на ПСЖ.

Во француското првенство ПСЖ е убедливо на врвот, а утре на домашен терен го пречекува Бордо.

Се вчитува...