Тијаго Силва: Макрон не ја заштити Франција

Капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва, го напушти Париз и се врати во Бразил, каде од самоизолација го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за начинот на справување со кризата.

„Не дојдов во Бразил на одмор, туку затоа што беше страшно во Париз. Немаше ништо по полиците од супермаркетите, луѓето беа во паника, а бројот на заболени се повеќе се зголемуваше. Претседателот Макрон цело време ја гледаше Италија, беше свесен што се случуваше кај соседот, но гледајќи наоколу не постави навремени мерки за да ја заштити својата држава“, истакна искусниот дефанзивец.

Тој ги опиша и своите први денови во самоизолација во Рио де Жанеиро.

„Не е лесно, но чудесно е како човечките суштества имаат моќ на адаптација на нови ситуации. Како останувам во форма? Компликувано е, но компликувано беше и последните денови во Париз, кога сите тренинг-центри беа затворени. Ќе се обидам со трчање да останам во ритам“, вели Тијаго Силва.

Се вчитува...