Тијаго Силва после финалето на ЛШ потпишува за Фиорентина

Бразилскиот интернационалец Тијаго Силва ќе се прости од дресот на Пари Сен Жермен по финалето на Лигата на шампионите. Дуелот против Баерн Минхен ќе биде последниот за одличниот дефанзивец во тимот на „светците“, а негова следна дестинација треба да биде Фиренца. Како што открива „Кориере дело спорт“, Тијаго Силва веќе ги договорил условите со раководството на Фиорентина за да го засили италијанскиот калчолигаш за следната сезона во Серија А.

Тијаго Силва, кој ќе наполни 36 години, не доби понуда за продолжување на договорот од ПСЖ, но нема намера да стави крај на кариерата. Тој ќе се врати во Италија каде во минатото настапуваше за Милан во периодот од 2009 до 2012 година.

Претходно, интерес за ангажман на ветеранот покажаа неколку бразилски клубови, како и премиерлигашите Челси и Евертон.

Се вчитува...