Тијаго Силва прави сензационален „кам-бек“ на 42 години

Тијаго Силва нема да го продолжи своето патување во Порто, сакаше да се бори за место во бразилската репрезентација, но не успеа бидејќи Карло Анчелоти се одлучи за помлади играчи. 

Фактот дека во септември ќе наполни 42 години веројатно не му помага, но сепак, одигра доста солидно оваа сезона, 14 натпревари за Порто, од кои 12 беше стартер. Но, и натаму не размислува за крај на кариерата. 

Според ESPN Бразил, Милан му понудил едногодишен договор и неговото враќање на Сан Сиро би било навистина сензационално.

Тијаго Силва веќе играше за Милан три сезони, од 2009 до 2012 година, пред да биде продаден на Пари Сен Жермен, каде што можеби остави најсилен впечаток. 

Се вчитува...