Кошаркарските суперлигашки ги финишираат ростерите во пресреет на стартот на новата сезона, па така Тиквеш се реши да донесе уште едно странскоо засилување потпишувајќи договор со Тедерик Волф.
Станува збор за американскиот кошаркар на бековската позиција кој најеројатно ќе ја преземе поентерската одговорност во кавадаречкоит суперлигаш. Воф ланската сезона настапуваше во Норвшка како дел од Амеруд, по што се пресели во Австралија, бранејќи ги боите на Банкстаун бруинс.
Тој имаше импресивни настапи во Норвешка, со просек од 26,8 поени, 7,3 скока и 4,9 асистенциипо натпревар.
Ако успее да стигне барем до приближни бројки во мак-баскетот, нема сомнеж дека Волф би бил супер-засилување за тимот на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
