Тиквеш го означи стартот на подготовките за вториот дел од сезоната (ФОТО)

Второлигашот Тиквеш го означи стартот на подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига – Исток.

Како што информираше шефот на стручниот штаб Раде Цицмиловиќ, првиот дел од подготовките до 13. февруари ќе биде во Кавадарци, а потоа до 29. февруари ќе се тренира во Дојран.

„Верувам дека ќе имаме успешни подготовки. Планирано е одигрување и на неколку контролни натпревари како што поподготвени би го дочекале стартот на пролетниот дел од шампионатот. Амбициите на тимот секако остануваат прволигашки, со желба за завршување на водечките позиции“ – истакна Цицмиловиќ пред денешниот прв собир на тимот.

Се вчитува...