Тиквеш и „украде“ триумф на Шкендија среде Тетово, Струга ТЛ ремизираше со „пандевци“, гостински победи за Работнички и Македонија ЃП (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 12. КОЛО….

Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)

Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)

Емини 3′, Филиповски 37′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ (1-1)

Рамадани 44′ – Мирковиќ 83′

Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Тодоровски 63′

Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

ВЧЕРА

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 5-0

====================================================================================

  • Скопје и Ренова одиграа натпревар без голови, а Работнички со голот на Тодоровски стигна до важна победа од 0-1 на гостувањето против Борец во Велес.
  • Заслужена победа на Македонија ЃП на гостувањето против Пелистер во Битола од 0-2.
  • Крај и на дуелот во Тетово. Тиквеш ја „смрзна“ Шкендија, со гол во финишот извлекувајќи реми од Тетово.
  • Крај на натпреварот во Струга каде домаќинот Струга Трим Лум и Академија Пандев одиграа без голови, во меч во кој домашните беа подоминантни со повеќе шанси за триумф, но не успеаја да ги реализираат.

СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)

88′ – Одличен шут на Јашароски од слободен удар од 18 метри, но сантиметри над гредата од голот на Ренова

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ (1-1)

1-1 – 83′ – ГОООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Катастрофална грешка на домашната одбрана, украдена топка на 40 метри и во брз напад Урош Мирковиќ погодува за 1-1


БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 63′ – ГОООООЛ З РАБОТНИЧКИ. Димитар Тодоровски ги носи „романтичарите“ до водство


СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)

63′ – Десниќ од непосредна близина одлично шутира, но гредата спречува гол за Скопје

НИТУ ЕДЕН ПОГОДОК ВО ПРВИТЕ 15 МИНУТИ ОД ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ПЕТТЕ ДУЕЛИ

  • Почеток на второто полувреме на петте денешни натпревари од 12. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 – 44′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Перфектна акција на домашните почната од Дориев, преку двојно проигрување, за убав погодок на Флорент Рамадани


ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)

0-2 – 37′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Нов брз контранапад на „лавовите“. Сега Кристијан Филиповски избива сам пред домашниот гол и не греши за 0-2.


ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

34′ – 100% шанса за Македонија ЃП за 0-2. Алексовски сам избива пред голот на домашните, но Трајчевски го брани неговиот шут

СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

28′ – Целосна доминација на стружани. По корнерот од десната страна, Мециновиќ највисок во скокот со глава одлично бие од 7-8 метри, но Јовановски повторно брани на самата гол-линија

СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

23′ – Нова идеална шанса за Струга ТЛ кој силно напаѓа кон голот на гостите. Малески со полуволеј од десеттина метри шутира кон гостинскиот гол, но Марко Јовановски брани исфрлајќи во корнер

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

20′ – 100% шанса за Борец. По одличниот шут од 20 метри, топката завршува во дирекот од голот на Работнички, и од самата гол-линија во поле, без погодок за домашните

СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

19′ – Убава шанса за Струга ГЛ, но Иван Галевски од 12 метри откосо шутира крајно непрецизно

  • БЕЗ ПРОМЕНИ НА ПОЧЕТНИТЕ 0-0 ПО ПРВИТЕ 15 МИНУТИ ИГРА НА ОСТАНАТИТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАР ОД 12. КОЛО

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 3′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Маестрален гол на Сефер Емини. Извонредно со волеј-удар зафати топка од 20 метри и смести во левиот горен агол од голот на домашните


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 12. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати се состави за пресметката меѓу Струга ТЛ и Академија Пандев

====================================================================================

На натпреварите од денешното 12. коло од ПМФЛ, најинтересната пресметка во Струга каде Струга ТЛ ја пречекува Академија Пандев. Шкендија по нови на дуелот против Тиквеш.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...