Тиквеш направи подвиг во Битола, го победи Еурофарм Пелистер 2 за прв суперлигашки триумф

Со голот во последните моменти од средбата, Тиквеш обезбеди триумф на гостувањето кај Еурофарм Пелистер и славеше минимално со 29-30. Во средбата во која кавадаречкиот тим одигра одлично и речиси постојано имаше предност, домаќините во последните минути од дуелот внесоа неизвесност анулирајќи ја негативата и од пет гола. Тиквеш имаше предност и на полувремето од 16-19. За Тиквеш ова е прв успех сезонава по четири одиграни рунди, Еурофарм Пелистер 2 има половичен биланс.

Во екипата на Еурофарм Пелистер 2 се истакна Јован Талевски со седум гола, а кај кавадарчани најефикасни беа Симиќ со шест и Јанев со осум погодоци. Многу заслуги за триумфот имаше и голманот Велков со серија од неколку значајни интервенции. Во следното коло Тиквеш се среќава со Прилеп, а Еурофарм Пелистер оди кај Бутел.

 

Се вчитува...