Тиквеш означи старт на подготовките: Заминаа шест играчи, засега само едно ново име

Денеска почнаа подготовките на Тиквеш. Тренерот Влатко Костов во Кавадарци ја имаше првата прозивка, а првиот дел од подготовките ќе биде реализиран во Кавадарци. На 22. јануари експедицијата замина на подготовки во Анталија, каде ќе бидат одиграни неколку тест натпревари.

„Во моментот кога дојдов, Тиквеш беше последен со исто бодови со Пелистер. Но, успеавме и на Пелистер и на Борец да се одлепиме, и да се надеваме на тој опстанок. Мојата желба и желбата на навивачите е клубот да опстане. Ќе биде тешко, но во спортот нема ништо тешко, ќе мора добро да се подготвиме, и играчите да дадат максимум, а раководството да обезбеди услови и да пробаме да го спасиме клубот. Но, оптимисти сме, и се надеваме дека ќе биде се во ред и догодина клубот да игра повторно во Првата лига“, рече Костов.

Екипата доживеа и неколку промени. Си заминаа шест играчи, меѓу кои Јорданчо Наумовски, Симеон Христов, Дарко Тофилоски, Урош Мирковиќ, Мирза Идризовиќ и Да Силва Ндомбеле Фуртунато. Денеска дојде и првата прионова, а тоа е голманот Мартин Дафков од Кит Го. Во следните денови екипата ќе добие уште некое засилување.

Се вчитува...