Ракометарите на Тиквеш по четврти пат го завршија настапот во Европскиот куп уште во првата рунда, иако во реваншот минимално славеше над Еш од Луксембург.
Кавадарчани вечерва славеа со 33-32, но овој резултат не беше доволен за пласман во следната фаза. Причина за елиминацијата е поразот од 27-30 од влерашниот дуел кој исто така се играше во Кавадарци, па Еш со вкупен резултат 62-60 обезбеди место во втората рунда.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Мохамед Азиз Бен со девет погодоци, додека Мики Лазов постигна осум. Кај Еш, Алфонсо Дуарте Клементе ја предводеше листата на стрелци со осум гола, а Енес Аговиќ натпреварот го заврши со пет погодоци.
Со елиминацијата на Тиквеш, Македонија останува со два претставника во второто коло од Европскиот куп на ЕХФ. Во следната фаза ќе настапат ГРК Охрид и Алкалоид, тимови кои во изминатиот период ги освоија последните две изданија на натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
