Тиквеш подобар од Детонит во пријателски меч

Тиквеш минимално со 1-0 го совлада Детонит во пријателски натпревар одигран денеска во Кавадарци. Прволигашот беше поуспешен благодарение на голот во вториот дел.

Клучниот момент од средбата се случи само две минути од стартот на второто полувреме, кога Невен Костадинов го постигна единствениот гол на натпреварот за победа на кавадарчани.

Во петок во 15:30 Тиквеш ќе игра против Работнички.

Се вчитува...