Ракометарите на Тиквеш денеска ја започнуваат европската авантура и имаат одлична можност за првпат во клупската историја да остварат прогрес во европските купови. Кавадарчани денеска од 18 часот и утре (18 часот) во салата „Јасмин“ ќе играат против тимот на Еш од Луксембург во рамките на Европскиот куп, а очекувањата во таборот на македонскиот претставник се позитивни.
Страхиња Симиќ се надева на позитивен резултат кој ќе го однесе Тиквеш во следната рунда во четвртиот обид.
„ Четврта сезона по ред сме дел од Европскиот Куп и тоа само по себе доволно говори за резултатите што ги имаме постигнато во изминатите години. По одличниот старт во домашното првенство, сигурно е дека самодовербата на екипата е на едно добро ниво и така мора да продолжиме и понатаму. Имаме млада и талентирана екипа, која уште на првиот натпревар пред домашната публика покажа голем жар, борбеност и желба. Мислам дека тоа е најубавата покана за сите наши верни навивачи и симпатизери на клубот да дојдат овој викенд во салата „Јасмин“, да ја исполнат до последното место и уште еднаш од Кавадарци да испратиме вистинска и убава ракометна слика. Нè очекува тежок и неизвесен двомеч, но во Кавадарци, во нашата сала и пред нашите браќа „Лозари“, ние се прашуваме за сè“, – изјави ракометарот на Тиквеш, Страхиња Симиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
