Тиквеш се раздели со шест фудбалери

Ден пред официјалниот старт на подготовките за новата сезона, Тиквеш се заблагодари на шестмина играчи кои во изминатиот период беа дел од тимот и помогнаа клубот да го задржи прволигашкиот статус.

Од редовите на кавадаречкиот прволигаш си заминуваат Благоја Спиркоски, Алмир Цубара, Оливер Стоименовски, Давид Манасиевски, Филип Купанов и Арби Воша. Сите тие имаа забележителна улога во последните сезони, а клубот им се заблагодари за посветеноста и им посака среќа во понатамошната кариера.

Во официјалното соопштение, Тиквеш изрази благодарност за соработката и професионалниот однос на играчите кои повеќе нема да бидат дел од тимот.

Кавадарчани утре почнуваат со подготовки за новата сезона.

Се вчитува...