Стоперот Бесир Рамадани е нова аквизиција за Тиквеш од Кавадарци. Овој 25-годишен фудбалер доаѓа од екипата на Гнилане од Косово, и ќе треба да ја засили дефанзивата на кавадаречкиот тим.
Во минатото Рамадани настапуваше и за Приштина, а од македонските екипи беше дел од Струга ТЛ, Гостивар, Шкупи, Генч Калемлер. Потекнува од младинските категории на Шкупи.
Претходно Тиквеш се засили со голманите Тасев и Стевковски, а во Кавадарци дојдоа и Кристијан Ацковски и Дарко Илиески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА