Тиквеш се засили со уште еден поранешен репрезентативец: Балдовалиев за посилен напад

Во трката за прволигашка промоција сезона, екипата на Тиквеш се засили со уште еден поранешен репрезентативец, искусниот напаѓач Зоран Балдовалиев.

36-годишниот Балдовалиев е второ засилување зимава за кавадарчани откако претходно беше постигнат договор и со левиот бек Ристе Илијовски кој пристигна од редовите на Фљамуртари од Косово.

За Балдовалиев, кој има 11 репрезентативни настапи, ова ќе биде 18-ти клуб во кариерата.

Се вчитува...