Тиквеш во драматична завршница го победи Пролет

Тиквеш во драматична завршница триумфираше со 28-27 на пријателскиот натпревар против Пролет што се одигра вечерва во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Тинекс Пролет одлично го стартуваше натпреварот и уште во раната фаза поведе со 1-5. Домашните ракометари се разбудија и одиграа нешто подобро до крајот на полувремето, но избраниците на Матлиески сепак стигнаа заминаа на одмор со предност од 13-15.

Второто полувреме донесе израмнет ракомет до самиот крај, а пресудна се покажа недоволната концентрација на гостите од Скопје во клучниот дел од мечот. При 27-27 Тинекс Пролет имаше напад за победа, но не само што не го искористи, туку прими гол од полуконтра за водство на противникот од 28-27. Тинекс Пролет потоа имаше уште еден последен напад, но повторно избраниците на Матлиески не го најдоа патот до мрежата на кавадарчани, на крајот губејќи го овој интересен дуел.

Се вчитува...