Тиквеш водеше на полувреме, но немаше сила за изненадување против Е. Пелистер

Ракометарите на Е. Пелистер се вратија на победите во домашниот шампионат, откако вечерва славеа на домашен терен против Тиквеш со 29-25 во меч од 6. коло од плеј-офот во Суперлигата.

Гостинот од Кавадарци одигра одлично прво полувреме, посебно во фазата на одбрана каде на актуелниот шампион му дозволи само единаесет гола, а на пауза замина со позитива од 11-12.

Сепак, „пелистерци“ тргнаа многу подобро во вториот дел, па со фуриозна игра успеаја да направат целосен пресврт и на крајот да стигнат до конечен триумф од 29-25. Дејан Мансков со десет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Славчо Шулески постигна шест гола.

Се вчитува...