Ракометарите на Тиквеш загубија на првиот натпревар од пресметката против Еш од Лукусембург во ЕХФ Европскиот Куп.
Кавадарчни загубија со 27-30 на првиот дуел од двомечот, па сега на реваншот кој повторно се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци, утре од 18 часот, ќе бркаат три гола за пласман во следната рунда натпревари.
Тиквеш одлично го почна мечот, поведуваајќи со 5-1, но потоа гостите се вратија во игра и на полувремето заминаа со израмнети 14-14.
Во второто полувреме луксембуржаните играа подобро за заслужен триумф на крајот од 27-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
