Тим повторно подобар од Федерер, триумфално влезе во АТП финалето

Во два речиси идентични сета, со ист резултат 7-5, Доминк Тим ја забележа првата победа во групната фаза од АТП финалето во Лондон и тоа триумфирајќи над Роџер Федерер. Швајцарскиот фаворит тешко влезе во мечот, го загуби уште првиот сервис во воведниот гем, а потоа Тим постојано го контролираше дуелот и дојде до значајна победа во битката за пласман во полуфиналето.

За Тим ова е трета победа годинава во мечевите со Федерер, прва против Швајцарецот на АТП финалето на сезоната. Австриецот има 5-2 во меѓусебните пресметки со шесткратниот осовјувач на титулата на завршницата од сезоната. Првата победа, Федерер ќе ја брка против Новак Ѓокови во мечот закажан за во вторник.

Претходно во оваа група, Ѓоковиќ забележа лесна победа од 2-0 во сетови над Матео Беретини. за утре се закажани стартните дуел од втората конкуренција во кои се среќаваат Рафаел Надал со Александар Зверв кој го брани трофејот и Дмитри Меведев и Стефанос Циципас.

Се вчитува...