Тимот на Тасевски „гази“ се пред себе: „Лавовите“ го освоија и Кратово

Македонија ЃП ја продолжува активно битката за врвот во Првата македонска фудбалска лига, откако во последниот натпревар од 11. коло славеше со 0-3 (0-0) на гостувањето против Силекс во Кратово.

Фернандо Аугусто го отвори резултатот во 51. минута искористувајќи ја грешката на голманот на Силекс, Даниел Божиновски. Фернандо шутираше од слободен удар од околу 22 метри, а топката лошо отскокна изненадувајќи го домашниот голман.

Победникот на натпреварот беше одлучен со голот на Кристијан Филиповски во 77. минута, а во првата минута од судиското продолжение интернационалецот од Гана, Басит Абдул Калид заокружи на 0-3, за нови три бода на тимот на Жикица Тасевски.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-3

Фернандо Аугусто 51′, Филиповски 77′, Абдул Калид 90’+1

ВЧЕРА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (1-2)

Стоилов 11′(п) – Митевски 42′, Сулев 67′

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (1-3)

Селмани 66′(п) – Љума 4′, Кривак 42′, Ибраими 83′(п)

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (2-2)

Чарлестон 25′(аг), Цаке 27′ – Мицевски 45′(п), Блажевски 96′

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР (3-0)

Ристовски 26′, 77′, Десниќ 85′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (2-2)

Лука Станковски 13′, Шаркоски 60′ – Адеми 28′, Нето 49′

Се вчитува...