Тите: Меси подобар од Пеле?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите вели дека ниту еден фудбалер досега не е подобар од Пеле. Меси постигна гол за победа (1-0) во пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Бразил, но и покрај тоа селекторот на „кариоките“ не ни влегува во расправа за тоа кој е најдобар на сите времиња.

„Пеле не можете да го споредите со ниту еден фудбалер. Знаете јас што правам кога некој со Пеле ќе спореди некој друг фудбалер, во едно уво ми влегува од друго ми излегува прашањето. Меси е одличен, но во оваа ера на фудбалот, Пеле е најдобар на сите времиња“, изјави Тите.

 

 

Се вчитува...