Титулата се поблиску до Арсенал: „Топчиите“ минимално го совладаа Барнли (ВИДЕО)

Гол по гол, победа по победа до титула. Ова е формулата на Арсенал во последните две кола во Премиерлигата. После минималната победа над Вест Хем, „топчиите“ со истиот резултат го совладаа и Барнли на домашен терен. Овој пат со гол многу порано отколку на претходниот меч, одновно во првиот дел.

Арсенал имаше повеќе од играта, од шансите, а на крајот пресуден беше само голот на Каи Хаверц. Сака асистираше до Германецот, кој го постигна голот вреден победа, можеби и титула за тимот од Лондон.

Избраниците на Микел Артета уште утре може да ја обезбеди шампионскиот трофеј, доколку Борнмут остана непоразен во дуелот против Манчестер Сити, со оглед дека разликата сега помеѓу Арсенал и Сити е пет бодови.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...