Кајри Ирвинг се уште е цврст на ставот да не се вакцинира, па одличниот бек повторно се соочува со забрана за настап на домашните натпревари на неговиот тим Бруклин нетс.
Постоеја најави за трансфер од Бруклин што засега не се реализираа, а самиот Ирвинг во изјава за американските медиуми „бомбастично“ најави дека не би му пречело да замине од НБА.
„Зарем ми треба да се мотивирам. Настапив во својата 12.сезона во НБА-лигата, од година во година сум се подобар. Ќе уживам во секој момент, не размислувам за повлекување. Кога ќе дојде времето да си заминам од НБА, ќе настапувам од другата страна на океанот и ќе ги учам младите играчи на сето она што оние постарите ме имаат научено мене“, изјави Ирвинг.
Ирвинг е роден во Мелбурн и камбек во Австралија секогаш е реална опција, но како најатрактивна опција делува трансфер во некој од евролигашките клубови. Сепак, за тоа да се случи, извонредниот бек ќе мора да ги намали финансиските апетити, со оглед на огромните разлики во платите меѓу НБА и останатите делови од светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА